Кривична пријава за директорот на ЈП за ПУП Бранко Нешкоски

0
1670

Пишува: Зоран Милошески

Адвокатот Жарко Стеваноски до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против директорот на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови (ЈП за ПУП) Прилеп, Бранко Нешкоски. Поднесената пријава се однесува на кривичните дела „Фалсификување службена исправа“, „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Со кривичната пријава Нешкоски се сомничи дека како директор на ЈП за ПУП Прилеп во текот на месец мај 2016. година со искористување на својата службена положба и овластување и со пречекорување на границите на своето службено овластување, изготвил предмет на кој ставил печат и свој потпис и истиот во форма на Известување го доставил до Советот на Општина Прилеп. Во него, како што тврди адвокатот Стеваноски, внел невистинити податоци дека ЈП за ПУП, односно Одделението за јавен паркинг и Одделението за јавен градски превоз, константно трпеле материјални штети кои биле директно предизвикани од протестите кои се одвивале од 19. април па заклучно со 6. мај 2016 година. На таков начин, незаконито користејќи ја повластицата од неговата функција, на оштетениот му нанел штета и го ограничил правото пред Советот на Општина Прилеп да ги демантира лажните податоци.

Повеќе за оваа сторија може да прочитате ОВДЕ