КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СТРУГА : Дилавер Бојку Леку убиен на плажа во Струга

0
5064

Познатиот струшки стопанственик Дилавер Бојку Леку, попладнево со куршум во главата бил убиен на плажа која е негова сопственост во Струга.

Убиството се случило неколку минути пред 17 часот, пред очите на посетителите на плажата „Аква блу“.

На плажата се уште трае увидот на МВР.

Бојку со прострелна рана во глава бил пренесен во болница во Струга, каде што била констатирана смрт.

Тој во минатото за кривичното дело посрeдување во проституција беше осуден на затворска казна од три години и осум месеци, која му беше изречена од Основниот суд во Битола, во 2003 година.