НАЧАЛНИЧКА ТЕПАЧКА во оделот за насилен криминал во МВР, се ТЕПАЛЕ началникот и заменикот

0
2959

Според порталот ДоказМ како што информира во тепачката која се случила во одделот за насилен криминал во МВР учествувале член на ВМРО-ДПМНЕ и член на ДУИ. Кавгата било за кодошење кај министерот на МВР Оливер Спасовски.

Несекојдневен кривичен настан се случи денес во просториите на МВР, поточно  во ПС Кисела Вода, Началникот на Насилен криминал ЕНК-ОНК при СВР Скопје Вулнет Аземи физички го нападнал и истепал својот заменик на оделот Горанчо Веселинов викан Рекс. Како што дознаваме од извори во МВР утринава околу 11 часот прво вербално началникот се нафрлил врз својот заменик со зборовите ти ли ќе ме кодошиш бе куче едно, истиот влегол во канцеларијата на заменикот го фатил за гуша му ја истргал кошулата и со бокс го удрил во пределот на градите. Налутен бил затоа што заменикот одбивал да му ги прикрие криминалните траги на Вулнет кој е познат скопски газда на златари покрај тоа што е полициски началник истиот на подрачјето на Чаир користејќи ги врските на ДУИ и градоначалникот Меџити многу кривични дела ги затскривал или преиначувал а за тоа земал пари посебно на подрачјето на Драчево и цела општина Чаир. Заменикот се бранел само вербално со зборовите доста е не те покривам веќе тебе и твоите криминални активности. По ударот со бокс заменикот го пријавил настанот во внатрешна контрола и истиот настан е заведен во ЦИК и го има во дневниот билтен на полицијата. По законот напаѓачот треба да му биде одземен службениот пиштол и да се прати кај психолог вработен во МВР за да ја процени неговата состојба, и истиот под итно мора да биде суспендиран од работа, дали тоа ќе се случи да видиме. Судска постапка секако ќе има заменикот обезбедил лекарско и ќе поднесе или веќе поднел кривична пријава за својот претпоставен. Инаку заменикот е вмровец, а началникот дуивец. Дознаваме дека заменикот во моментот е на боледување поради болки во градите по ударот. Настанот е потврден од МВР.

На фотографиите е тепачот Вулнет Аземи началник на насилен криминал при СВР Скопје, член на ДУИ има завршено Педагошки факултет треба да работи во градинка, ама коалицијата ДПМНЕ-ДУИ го направија началник.

1392016_699209596836132_6776854235012438191_n 10569143_652105291546563_812545498_n

Извор : Доказ