Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да се ослободи од лицата со лошо минато!

0
1450
 Крајно време е ВМРО ДПМНЕ да се ослободи од лицата со лошо минато! Се додека ВМРО ДПМНЕ не ги исчисти своите дворови од лицата кои во минатото и направиле скандали поради кои партијата трпела на углед , до тогаш револтот во сопственото членство ке расте додека не се распукне како гнила тиква !
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ , Г-дин Никола Груевски мора да се одлучи дали партијата ќе ја води кон амбисот или успесите,дали ке ги толерира сеуште оние кои минатите години наназад , веројатно зад негов грб стварале сопствена имотна и материјална корист коцкаќи го угледот и рејтингот на партијата ! Не ретко се случување изминативе 10тина години функционери од ВМРО ДПМНЕ да се однесуваат неетички и неморално. Само затоа што нема доказ за криминал тие беа “амнестирани“ од одговорност не само пред законите на Република Македонија туку и пред партиските тела и орган. Кога станува збор за неетички и неморално работење во службата каде раководел одреден функционер, Струга чинам предничи и сигурно завзема едно од првите места на листата на срамот .
Не беше така далеку 2010 година, кога изби голем скандал откако се откри дека тогашниот директор на Националната агенција за европски образовни програми, Бошко Нелкоски, преку мрежа на блиски соработници и членови на семејството, парите ги распределувал на истите организации.
Тогаш Нелкоски не само што не беше изведен пред лицето на правдата туку и беше прогласен за херој откако пред соодветните институции “докажа“ дека средствата се соодветно искористени. Се е добро само да не заборавеа луѓето,медиумите но и македонската политичка елита дека не етичко не е исто што и криминално ! Не етички да работиш во службата со цел да се стекнеш со имотно матерјална корист можеби не е криминал но дефинитивно е лоѓо по рејтингот и угледот на партијата.Деновиве имавме можност да забележиме како некои медиуми објавија дека токму Бошко Нелкоски е ангажиран во Општина Охрид на некои си проекттни задачи за кој нема да навлегувам да ги објаснувам. Дали има потреба ваква личност со вакво минато партиски да се рехабилитира ? Дали не беше доволно што соработници од тоа време кога Бошко Нелкоски распределувал средства на невладини организации регистирани од негови блиски роднини , се сега дел од владеакото мнозинство ? Потребно ли е да се случат уште низа скандали за Никола Груевски да сфати дека треба да бега од вакви личности како ЏАВОЛ од КРСТ !?
Сличен случај е и случајот со пратеничката Лилјана Затуроска . Неодамна на социјалните мрежи се пишуваше дека Лилјана Затуроска , веројатно користеќи ја својата позиција пратеник , издејствувала 20тина државни вработувања за своите роднини и најблиски пријатели . Да добро слушате , 20тина кои се посочени со име и презиме а којзнае колку за кои јавноста не знае и можеби нема да дознае !
Исто така Лилјана Затуроска со својот близок соработник Ѓоко Илоски беа посочувани по социјалните мрежи за низа на скандали за кои никој до сега не демантира ниту пак поведе одговорност до посочените лица .
Замислете . Погоре споменатите страни кои за пред јавноста не разговараат меѓу себе и се колнат и пцујат во реалноста се толку блиски што човек неможе да поверува ! Интересот ги споил па забораваат на етичките принципи,срамот и честа им се равенка со две непознати !
Но не се само тие . Има многу околу нив кој глумат лудило пред народот и се осудуваат и обвинуваат помеѓу себе , а всушност за бизнис интереси се врзани како цревата во стомакот.
Дали надлежните лица во надлежните институции се гуви и слепи на допрениот глас за наводни криминални дејствувања од одредени лица или тоа така им одговара не знаеме , но сосема е јасно дека многубројни се таквите примери и дека еден по еден Никола Гревски мора да ги чисти од сопствениот двор за да не дојде време кога сите заедно ке бидеме исчистени и избришани како со гума за бришење молив од хартија !
Џабе ни позитивни проекти , џабе ни економски бавен но за нас значаен напредок , џабе е и борбата со невработеноста и отварањето на значаен број нови работни места , се е џабе кога поединци со своите постапки прават скандали од вселенски димензии кои ги побиваат сите направени добри дела, уште полошо е тоа што за направените такви скандали никој не одговара ниту пред државните ниту пред партиските органи . Се се работи по принципот “ПОВЛЕЧИ СЕ ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ за да те заборави ЈАВНОСТА , ПОТОА ВРАТИ СЕ НА ГОЛЕМА ВРАТА“
До каде ли ќе не однесе тоа незнаеме , кон амбисот или кон врвот ? Проценете сами !
Од фејсбук зидот на активистот од ВМРО-ДПМНЕ Васко Јолески