КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ – МОМИРОВСКИ ЛАЖЕ БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ: АЛФА ТВ ИМА ГЛЕДАНОСТ ОД 300 ДО 500 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ ДНЕВНО!

0
1091

Момировски кај Љупче Златев на радио се фали дека ТВ Алфа имала гледаност од 300 до 500 илјади гледачи дневно?!?!

Оваа фантастична бројка пробуди интерес кај нас да се распрашаме кај луѓе што ги разбираат тв рејтинзите во земјава и од таму ни кажаа дека Алфа ТВ може само да сонува за таква гледаност.

– Такви бројки нема ниту Сител која е најгледана а не пак Алфа која е на дното позади Сител, Канал 5, Телма, Тв 24 и Алсат М. – ни вели нашиот извор, моментално уредник во една од споменатите телевизии.

Еден поранешен уредник кој пак одлично ги познава тв рејтинзите и бил уредник во А1, Канал 5 и Алфа ни вели:

– Нема шанси да се гледани толку, тоа се фантастични бројки, значи и кога лаже треба да се лаже со усул, колку што знам Алфа има само 3 посто шер, што значи дека тоа е околу 60 000 народ дневно, толку се гледани, какви црни 500 000, лаже без око да му трепне, такви бројки имаше само А1 пред 10 години! Сега има многу странски канали, народ си гледа нетфликс и дреме на јутуб или чита портали или е на социјални мрежи, вкупно е гледаноста намалена на телевизиите а пак особено на Алфа тв која е мала и негледана телевизија со многу сиромашна тв понуда споредено со Сител и Канал 5 кои располагаат со поголема понуда, повеќе бренд препознатливост и верна публика итн итн… – низ смеа ни вели познатиот екс уредник на речиси сите мак телевизии.

Нема што, главниот уредник на Алфа, Момировски е дефинитивно кралот на лажните вести во земјава, нема ден да не помине а да не лупне по 10 до 20 лажни вести од својата емисија Заспи Ако Можеш или пак своите портали кои ги уредува или пак вестите на Алфа каде исто така тој има големо влијание.