Кој му ги дал на Иванов податоците за отворените кривични постапки?

0
1097

Кој му ги доставил на претседателот Ѓорге Иванов податоците за отворените кривични постапки, за да може тој колективно да помилува 57 осомничени сторители на кривични дела? Одговор од кабинетот на шефот на државата нема, откако претседателот во неговото опширно објаснување на мотивите за одлуката за аболиција, „заборави“ да даде одговор на тоа важно прашање.

Молчат и од Основното јавно обвинителство, а се очекува денес Специјалното јавно обвинителство на најавената прес-конференција во 13.30 часот да одговори дали кабинетот на претседателот од нив ги побарал и ги добил податоците за отворени кривични постапки за предмети кои се во нивна надлежност.

На ова прашање вчера се осврна Хелсиншкиот Комитет на Македонија (ХКМ), кој објави јавна кривична пријава за Иванов, заради пречекорување на неговите уставни и законски овластувања, со што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба од член 353 став, од Кривичниот законик на РМ.

„Претседателот и Н.Н лице или лица кои му ги доставило податоците за отворените кривични постапки, сториле кривично дело на повреда на тајноста на постапката од член 369 од Кривичниот законик, во врска со членовите 289 и 299 од Законот за кривична постапка што предвидуваат тајност на кривичната постапка“, оцени ХКМ.

Анализата на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја ОВДЕ