КОЈ ЛАЖИ ВОШКИ ИМА И НА ТАВАН СПИЕ – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Е ФАТЕН ЖИВ КАКО ЛАЖИ ЗА АПЛАУЗОТ ВО СОВЕТОТ НА ЕУ ЗА ВРЕМЕ НЕГОВИОТ ГОВОР, МЕСТО АПЛАУЗ ДОБИ ШТУРЦИ, ШТАМА И МРТВА ТИШИНА!

0
1021

Навикнат на живеење и работење во режим кој 11 години ги контролираше сите медиуми и како единствена вистина го претставуваше тоа што тие го кажуваат, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека по неговиот говор во Советот на Европа во Стразбур добил аплаузи од цела сала.

Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа се фалеше дека тој испратил суштински битни пораки за земјава во Стразбур и дека за тоа бил награден со аплауз од скоро цела сала.

Сепак, реалноста изгледа малку поинкау. Снимките од Стразбур покажуваат дека по говорот на Николоски не следи никаков аплауз, туку само едно незаинтересирано „Благодарам, Александар“ од спикерот по што седницата си продолжува нормално.

Очигледно дека режимската матрица на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува и дека нивните навики тие да контролираат што е вистина или не им е една од најголемите желби.