КОЧО АНЃУШЕВ: БЕСПЛАТНО ГО ЧИСТИМЕ ВЕЛЕС ЗАТОА ШТО ТАМУ НА ВЕЛЕШКИТЕ УЛИЦИ ГИ ТЕСТИРАМЕ СИТЕ ВОЗИЛА ПРЕД ДА ГИ ПРАТИМЕ НА КУПУВАЧИТЕ

0
919

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска во својата компанија „Брако“ во присуство на премиерот Зоран Заев и други членови на Владата го промовираше првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.

– Веќе направивме пробно возење. Ова е гордост за Велес и за инжињерите на Брако. Едниот тип е првото во светот водородно возило на хидрогенски погон за чистење на улици и произведено е во нашите хали и дело на 60-тината инжeнери на Брако, чија просечна старост е под 30 години, а тројца се вратија во Македонија од светските универизтети. Две се веќе продадени во Амстердам и Утрехт и веќе ја обавуваат својата функција. Вториот тип на возило е комплетно развиено во оваа фабрика, како дизајнот, така и повеќето делови како компненти се произведени во овие хали. Тоа не е само монтажа. Ова е едно од најмодерните во својата класа и има најсовремени системи на управување, рече машинскиот професор.

Бизнисменот рече дека ова е начинот како да се извезуваат производи надвор од Македонија, а не деца. Според Анѓушев, треба само да се произвдеуваат производи кои се извозно ориентирани со додадена вредност. За тоа е потребно да се следат најновите технологии .

– Нашите возила го чистат Вашингтон, Лондон, пред две недели продадовме возило на кралскиот дворец, Не знаевме, но видовте дека наше возило ја чисти Белата куќа пред номинацијата на новиот американски претседател Џо Бајден. Така се погоди, не го знаевме тоа, но го видовме во американските весници, рече Анѓушев.

Тој рече дека возила за чистење на улици на „Брако“ се продадени уште и во Белгија и Тајланд, а најдалечните градови каде што се користат се Сиднеј и Буенос Ајрес. Едно возило има купено и Општина Велес

Заев рече дека инвестициите на Брако оваа година се во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини за производство на еколошките возила под брендот на „Грин Машинс“.

– Брако се справува со кризата со тоа што постојано инвестира. Македонската влада е тука да ги поддржи кломпаниите да бидат иновативни и да произведуваат производи со поголема додадена вредност, рече Заев.