„Коха диторе“: Убиените Косовари во нападите во Куманово соработувале со македонската УБК за пари?!

0
1055

Тројцата убиени косовски Албанци во инцидентот во Куманово и македонскиот државјанин наводно соработувале со македонската Управа за безбедност и контраразузнавање да предизвикаат инцидент за којшто за возврат би добиле пари, пишува приштинскиот дневен весник „Коха диторе“, повикувајќи се на наводни докази од косовското разузнавање и полицијата, пренесе Макфакс. 

teroristi-kumanovo

Водачите на вооружената група којашто се судри со полицијата во Куманово, планирале напад на затворот кај Подуево за да ги ослободат затворениците кои издржуваат високи казни.

Врз основа на информации и документи на Косовската информативна агенција и косовската полиција, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, како водачи на групата од 44 лица планирале да го нападнат добро обезбедениот затвор во Грдовци кај Подуево, од каде сакале да ослободат двајца затвореници кои отслужуваат казни за повеќе злосторства, меѓу кои убиства.