КОСТОВСКИ : РЕФЕРЕНДУМОТ НА МИЦКОСКИ Е ПРОТИВ ЕУ И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ЗАТОА НЕМА ПОДДРШКА НИТУ ВО ПАРТИЈАТА

0
463

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ преку одговорен, државнички пристап ги реализираше двете стратешки цели во надворешната политика.

По полноправното членство во НАТО, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија.

Со одржувањето на првата меѓувладина конференција и почетокот на скриниг процесот Република Северна Македонија и официјално стана земја преговарач за членство во ЕУ,

Процесот на предговори го водиме како Македонци со заштитен македонски идентитет, со чиста формулација на македонскиот јазик.

Тоа е потврдено од сите официјални институции на Унијата.

И додека СДСМ ги реализира стратешките цели грижејќи се за македонскиот идентитет и јазик, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена дејствува антиевропски и на штета на државните и националните интереси.

Исто како и при приемот во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ предводена од СДСМ сега прави се за да го попречи процесот на интеграција во ЕУ.

Иницијативата за референдум на Мицкоски не е ништо друго освен последен очајниќки обид да се попречи европската иднина на државата.

Оваа иницијатива која е осудена на неуспех е исклучиво за внатрепартиска употреба на Мицкоски за да ја спаси сопствената фотелја во белиот дворец.

Мицкоски веќе нема поддршка ниту во сопствената партија а единствен партнер во неговите деструктивни политики е политичката партија Левица декларирана како анти НАТО и анти ЕУ опција.

Мицкоски бара референдум за да се поништи Договорот за добрососедство со Бугарија кој тој лично и јавно, пред високи бугарски претставници, го поддржа.

Тоа е доказ дека кај него нема грам чувство за државност, туку своите политики ги води според личните потреби и интереси.

Почитувани,

Иницијативата на Мицкоски ќе пропадне. СДСМ, европската коалиција што ја предводи, како и мнозинството граѓани, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ одново да ја загрози европската иднина, нема да дозволат само заради лични интереси на Мицкоски, македонското општество повторно да биде изолирано и поделено како што тоа беше во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и Апасиев нема да ја спречат европската иднина на државата.