КОСТОВСКИ ЗАПОЧНА СО ГРАДБА НА НОВ ПАРК ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

0
677

Скопската општина Бутел наскоро ќе добие нови локации за прошетки, одмор и рекреација.

Денес започна со изградба нов парк на 800 м2 веднаш до црквата “Св. Јован Крстител”.

-Место кое до сега беше синоним за запуштеност, сега ќе добие нов лик. Нова хидртантска мрежа, нов дрворед, нови ниски зимзелени дрвца како и нова урбана опрема, информираше градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Тој додаде дека интезивно се работи и на втората фаза од над 1.500 м2 во паркот во населеното место Расадник.

-Вкупната површина на новиот парк ќе биде над 3.000 м2! Нова пешачка патека, нова хидранска мрежа, нова тревна површина, нови зимзелени дрвца, ново осветлување и нова урбана опрема. Продолжуваме со раззеленување на Општина Бутел со нови паркови и катчиња на кои ќе можат нашите граѓани да го поминуваат своето слободно време, порача Костовски.