КОСТАДИНОВ : ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ СЛУЖБИ И ПРЕТПРИЈАТИЈА СО РАСЧИСТУВАЊЕ НА ГРАДОТ КАКО И ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СИЛНОТО НЕВРЕМЕ

0
494
Општинските служби и претпријатија и денеска продолжија со расчистување на градот, како што тоа го направија и вчера попладне по завршувањето на силното невреме.

Освен наносите и искршените гранки од невремето на улиците во градот, се работеше и во населеното место Куклиш.

За среќа, големи материјални штети нема, но поука за извлекување има.
Одводните канали во населените места мора да бидат оставени да си ја вршат својата функција, да не се узурпираат и затрупуваат и да не служат за фрлање на отпад.

Ние како Општина чистиме и ќе продолжиме да чистиме и понатаму, но крајно време е да се соочиме со вистината и сите да понесеме одговорност.

Подобро да спречиме отколку да лечиме.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.