Костадинов: Обвинителството отвора предмет за „црните пари“ за перење на Александар Николоски

0
900

ВМРО-ДПМНЕ го тресат скандали и тоа е една од причините зошто не сакаат избори, порача портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното издание во „Само вистина“ на ТВКанал 5 појаснувајќи го скандалот со вработен во Министерството за земјоделие фатен со бележни пари примени како мито, и скандалот со социјален работник во Струмица кој барал сексуални услуги за „завршување услуга“.

По допрен глас обвинителството отвора предмет за „црните пари“ кои требало да ги испере потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема никадков одговор. – појасни Костадинов.

Наќе Чулев организира хајки и малтретира млади волонтери за да ги затскрие овие скандали, рече Костадинов.

Портпаролот на СДСМ на својот колега од опозициската ВМРО-ДПМНЕ му порача зошто бегаат од избори кога се толку сигурни во изборната победа како што тврдат.