Костадинов на Канал 5 : Зошто опозицијата и Мицкоски молчат и не одговараат, дали Камчев ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

0
839

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и портпарол на партијата Костадин Костадинов учествуваше во дебатната емисија “Само Вистина” на телевизија Канал 5 каде до соговроникот повторно ги постави и јавно објавените прашања: Дали Орце Камчев ја финансирал кампањата за претседателските избори? Дали финансирањето е нотирано во финансискиот извештај на партијата?

-Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе достави финансиски извештај за последните претседателски избори? Зошто Мицкоски молчи дали Орце Камчев нелегално финансирал? Молчењето отвора сомнежи, а никој од опозицијата не дава одговор – истакна Костадинов.

Костадинов потсети дека освен Мицкоски, и генералниот секретар Игор Јанушев, кој воедно е и потписник на сметката на ВМРО-ДПМНЕ исто така молчи и не дава одговори.