(ВИДЕО) Костадинов: Македонија продава струја и заработува од сопственото зголемено производство

0
1089

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 12.06.2018

Почитувани граѓани,

Македонија продава струја и заработува од зголеменото сопствено производство на електрична енергија.
Тоа е резултат од успешно, домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ и новото раководство на АД ЕЛЕМ.

Од почетокот на оваа година, на три аукции, вкупно се продадени 170.160 MWh со приход од над 8.7 милиони евра (8.720.558 евра).
За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени ниту продадени вишоци електрична енергија.

Во 2016 година пак продадени биле само 16.000 мегават часови, што е за 10 пати помалку.
Ова е периодот кога со АД ЕЛЕМ раководеше поранешниот советник на Никола Груевски и сегашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Споредбата во времето кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеа со ЕЛЕМ, како Христијан Мицкоски, покажува дека: од држава зависна од увоз на електрична енергија, денес Македонија продава вишоци на електрична енергија.

Се потврдува дека со домаќинско и одговорно управување се постигнуваат значителни резултати од кои се обезбедуваат повеќе пари за државата а бенефит на крајот имаат сите граѓани.