КОСТАДИНОВ : ВМРО-ДПМНЕ НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕГА ОД ОДГОВОРНОСТА ЗА БЛОКАДИТЕ И ПОТЕЗИТЕ СО КОИ ЈА ВЛОШУВА КРИЗАТА КОЈА Е НАЈГОЛЕМА ПОСЛЕ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

0
810

Во момент на решавање на клучните, суштински, државнички прашања и на сите кризи, кои се светски и не се предизвикани од владата, туку напротив владата покажува сериозни активности и носи мерки, кои носат резултати во справувањето со кризите, ВМРО-ДПМНЕ има цел да предизвика избори, истакна потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „360 степени“, на телевизија Алсат.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ќе сфати дека е погрешно слепото барање на брзи предвремени парламентарни избори.

Барањето е уценувачко, тоа го знаеме сите, а ВМРО-ДПМНЕ со своите постапки и дела во секој момент од нивната политичка активност можат да покажат како и што нудат на полето на справувањето со кризите со коишто моментално се соочуваме не само ние туку и Европа и светот, нагласи Костадинов, додавајќи дека граѓаните генерално можат да видат колку им се искрени намерите за справување со кризите.

Тој потенцираше дека во моментот кога се случува една од најголемите кризи по втората светска со низа пакети економски мерки и други најразлични мерки парите се враќаат кај граѓаните со дополнителни издвојувања, сега и со ребалнсот.

ВМРО-ДПМНЕ во моментов не е опозиција, го води градот Скопје и речиси сите други поголеми општини во државата, нивните градоначалници исто така рапсолагаат со свои буџети и со релокација на средства треба да одговорат на кризите, да ги скратат оние непродуктивни трошења, за проекти, кои не носат додадена вредност или за партиски вработувања, рече Костадинов.

Потпретседателот Костадинов нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во многу наврати преку класичен популизам, па дури и преку класичен говор на омраза и инсценирани сценарија покажува дека не го чувствува моментот во којшто се наоѓа Македонија и веднаш после локалните избори се фиксира кон тоа дека мора брзо да се оди на предверемени избори, и тоа во време на светска здравствена, енергетска, криза, геостратешка нестабилност и војна.

Зарем во време на енергетска криза не е подобро ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат собранието и таму да се бараат начини како да се справуваме со тоа, таму да биде арената каде што ќе се изнаоѓаат решенија во кои сите заедно ќе направиме подобро и побрзо да се излезе од овие состојби, рече Костадинов.

Тој нагласи дека во законодавниот дом сите чинители треба да го решаваат тој моментум, не треба да се оди на блокада и не треба да се заборави колку закони претходно беа блокирани од ВМРО-ДПМНЕ и да не се залажуваат дека со слакоречивост можат да ги лажат граѓаните.

За состојбата во која се наоѓаме од ВМРО-ДПМНЕ не можат да избегаат од одговорноста, од сите нас зависи дали нашата заедничка цел ќе биде македонското општество, да се движи напред или реална цел ќе биде да се предизвикаат избори и само слепо да се дојде на власт, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „360 степени“, на телевизија Алсат.