КОСОВСКИ МЕДИУМИ : ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА КОСОВО ПРЕДИЗВИКАЛА ИНЦИДЕНТ ВО КАБИНЕТОТ НА ЗАЕВ ПОРАДИ ПРОЕКТОТ ОТВОРЕН БАЛКАН, ЗАЕВ РЕАГИРАЛ ОДЛУЧНО, ДОСТОИНСТВЕНО И СООДВЕТНО ПА ОТКАКО ГЕРВАЛА СЕ ЗАКАНИЛА ДЕКА ЌЕ СИ ИМА РАБОТА СО НЕА ТОЈ И РЕКОЛ ДА ГО НАПУШТИ КАБИНЕТОТ

0
775

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев побарал од министерката за надворешни работи на Koсово, Доника Гервала да го напушти неговиот кабинет откако таа на средбата рекла дека доколку Македонија не излезе од Отворениот Балкан, ќе си има работа со неа.

Според информациите, Заев, соочен со оваа необична ситуација, побарал од Гервала да го напушти кабинетот.

„Извинете госпоѓо, но ова викање е неподносливо во мојата канцеларија, од учтивост не можам да ве изнесам, инаку не можете да зборувате на овој начин и вака. Некултурно е да доаѓате во странска земја и да кажувате што е добро за мојата земја, јас знам што е добро за мојата земја, вие може да зборувате што е добро за вашата земја, ова е недозволиво.“, и одговорил Заев.

После тоа Гервала се извинила за своето однесување и средбата продолжила во мирна атмосфера.

Текстот за тој случај претходно вчера го објавија повее албански портали без притоа да прецизираат кога точно се случило.

Проектот Отворен Балкан е проект на Србија и Косово го смета за закана за ширење на српското влијание на балканот, но Албанија го подржува и застанува директно против Косово на оваа тема што е преседан досега во балканските политички односи. И Црна Гора е против проектот затоа што Мило Ѓукановиќ го дели мислењето за тоа дека Србија е закана на балканот но црногорскиот премиер Абазовиќ изјави дека има намера да ја внесе Црна Гора во Отворен Балкан со што покрај Ахмети и Еди Рама тој е уште еден голем балкански политичар до албанско етничко потекло кој застанува против Косово на оваа тема.

Во земјава, ДУИ дава поддршка на проектот додека БЕСА е против Отворен Балкан, ова е поради блискоста на Албин Курти со БЕСА, тој порано зборуваше и на митинзи на БЕСА низ земјава за време на изборна кампања на претходните избори.