КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА УШТЕ ПРОВОЦИРА – ВУЧИЌ ЈА ОБВИНУВА ПРИШТИНА

0
351

Овие луѓе не разбираат дека немаат сила на север, никој не се плашел од Албанците. Тие на север не можат ништо. Тие не се посилни од Србите – изјави Вучиќ. Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Приштина „уште игра“, односно дека вечерва испраќа екипи на косовската полиција кои преминуваат од јужниот во северниот дел на Митровица, а потоа се враќаат.

Вучиќ за ТВ Прва изјави дека специјалната косовска полиција поставила два контролни пункта кај Грабовац и Газивода и дека повремено „застануваат да земат некого, само за да провоцираат“. – Овие луѓе не разбираат дека немаат сила на север, никој не се плашел од Албанците. Тие на север не можат ништо. Тие не се посилни од Србите – изјави Вучиќ. Тој изјави дека претходните денови се „бореле да го зачуваат српскиот народ на Косово и Метохија“, а во исто време да го зачуваат мирот и дека овојпат „не било воопшто лесно“. Вучиќ рече дека Албанците прават голема грешка во односот со Србите.