КОПУК НА ДЕНОТ: Од странство му се заканувал по живот на премиерот преку ФБ, уапсен кога слетал во Скопје

0
1079

28-годишен гостиварец е уапсен ноќеска на скопскиот меѓународен аеродром откако гостиварската полиција распишала внатрешна потерница по него (централен распис).

Уапсениот е осомничен за дело „загрозување на сигурноста“. Преку фејсбук упатува смртни закани за претседателот на владата Оливер Спасовски, потврдија за Телма извори од истрагата. За делото за кое е осомничен предвидена е затворска казна од една до 5 години затвор.

Заканите се пишани на социјална мрежа како коментар на споделена политичка изјава на функционерот од владата.

Кога бил уапсен на полицајците им кажал дека во моментот кога ја пишал заканата бил изнервиран и тоа го сторил во афект, а после се смирил, велат за Телма извори од истрагата.

МВР објави дека е изведен пред судија на претходна постапка.

-М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Северна Македонија. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар.