КОНЕЧНО ПОШТАРОТ ЌЕ ГО НАЈДЕ: Мајката на Антонијо Милошоски позитивна на коронавирус, тој оди во самоизолација

0
933

Мајката на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана на Фејсбук соопшти дека е позитивна на Ковид-19.

„Драги пријатели, почитувани колеги, должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура и направив тестирање во текот на вчерашниот ден. За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот Ковид19.

На надлежните епидемиолози им ги посочив сите лица со кои сум имала контакт, меѓу кои мојот сопруг, кој треба да се тестира утре и мојот син Антонијо Милошоски, со кого имав краток контакт на 22.јуни во нашиот дом во Кичево.
На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање.

Со почит, Светлана Милошоска“ – пишува Милошоска.

Веста на својот Фб профил ја потврди и Милошоски кој оди во самоизолација.

„Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево“ – напиша тој.