КОНЕЧНО ЗАВРШИ ИСТРАГАТА ЗА НАРАЧАТЕЛИТЕ НА 27-МИ АПРИЛ: ОЈО го сомничи Никола Груевски како нарачател за Крвавиот четврток!

0
1238

Основното јавно обвинителство поведе истражна постапка против петмина осомничени за Крвавиот четврток, меѓу кои е и Никола Груевски.

Обвинителството до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Никола Бошковски и Никола Груевски.

Осомничените Вељановски, Јанакиески и Ристовски веќе се приведени, додека Бошковски и Груевски се во бегство.

На судско рочиште во ноември минатата година беа читани СМС пораки од комуниацијата меѓу Никола Груевски и Трајко Вељановски.

На 26.07.2017 ден пред Крвавиот четврток Груевски му препраќа на Трајко порака што ја добил од Митко Чавков, еден од 33-цата обвинети : „Добро утро директоре. Да ве известам, во моментов добив информација од лојален колега Албанец дека денес околу 13 ч. се планира нешто од другата страна, дали инцидент, дали со сила изгласување на претседател. Во моментов немам повеќе информации“.

Неколку часа пред насилниот упад во Собранието, Никола Груевски повторно му испраќа порака на Трајко Вељановски со која го информира дека некој од ДУИ му пренел на Панче Кралев дека ќе изберат Талат Џафери.

Пораката Груевски му ја испраќа на Вељаноски во 16 часот на 27 април 2017 година.

“Од Панче Кралев: Од ДУИ информација од човек што дојде од состанок со Талат. После 17 часот се спрема избор на Талат по иницијатива на СДС”.