КОМИЧНА И НАРЦИСОИДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА НЕУТРАЛНОТО ВМРОВЧЕ ДАНЕЛА АРСОВСКА – ФАЛИ МЕ УСТО ОТИ ТЕ РАСКИНАВ, ДАНЕЛА АРСОВСКА : КАКО МЕНЕ НЕМА ВО МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПА, ДА МЕ БАРАВТЕ НА ПАЗАР ТРОЈКА НЕМАШЕ ДА МЕ НАЈДИТЕ

0
1579

Насловот од изјавата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска е изменет со доза на иронија бидејќи ние од нашата редакција мислиме дека ваквите јавни и комични испади безмалку се нарцисоидни и самобендисани, бидејќи мислиме дека народ треба да го цени тоа дали има или нема некој како неа и колку вреди нејзиниот авторитет како кандидат за градоначалник на град Скопје од редовите на опозицијата.

Кандидатката Данела Арсовска, поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата на Алијанса на албанците заедно со АЛТЕРНАТИВА, на првата прес конференција по потпишувањето на кодексот за фер избори во Советот на Град Скопје повеќе се фалеше себеси која е и што и каква е отколку што зборуваше за идеите и проектите кои би ги реализирала за град Скопје доколку би ја добила довербата за биде градоначалник на градот.

На поставено новинарско прашање дали се занимава со некаков бизнис, Данела Арсовска одговори: „Јас не се бавам со никаков бизнис. Јас сум човек кој што е интелектуалец, сум човек кој што е со интегритет, сум човек кој што е експерт, сум правник и сум економист“.

Потоа, Данела Арсовска започна да се фали дека како неа немало во Македонија и во Европа: „…имам достигнувања кои што ниту еден човек во Македонија не успеал да ги направи, имам достигнувања кои што ниедна индивидуа не успеала да ги направи и во Европа, и верувам дека тоа ќе знае да се цени…“

Каква е тоа личност со интегритет, каква е тоа личност која нема во Европа и Македонија?! Па секако дека не постои градоначалник или функционер кој користи бодигарди да дистанцира насилно новинар кој поставува незгодни прашања, бар за тоа е во право, а како ќе помине на избори останува да видиме.

90 проценти од прес конференциите кои Данела Арсовска ги одржа зборуваше за себе отколку за тоа што нуди пред граѓаните на Скопје. Ваков нарцис и ваква самобендисаност само кај Грујо ја имало, ова е како да го гледаме плукнат Грујо само со цицки.