КОМЕДИЈА : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП МАРЈАН РИСТЕСКИ КОЈ ВО БОМБИТЕ НА ЗАЕВ СЕ ЗАКАНУВА СО РУШЕЊЕ ЛЕТНИ БАВЧИ НА ОПОЗИЦИОНЕРИ СО ХИЛТА ПОДНЕСЕ КОНТРАКРИВИЧНА ПРИЈАВА ДО АДВОКАТОТ ЖАРКО СТЕВАНОСКИ ПОРАДИ ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА?!?!

0
2335

По поднесени три кривични пријави од страна на адвокат Жарко Стеваноски до градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески поради злоупотреба на својата службена должност прилепскиот градоначалник кој во бомбите на Заев во Прилеп во разговор со министерот за финансии Зоран Ставрески се заканува со рушење на летните бавчи со хилта на кафичите каде сопствениците не се припадници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднел кривична пријава до адвокатот Стеваноски поради нарушен углед. Па народе ова лудо и ненормално контра сценарио на се и сешто го нема ни во најлудите серии на ,,Монти Пајтон” и ,,Ало Ало”! 😀

Во изјава за порталот РеволуционерМк адвокатот вели „За да може градоначалникот Марјан Ристески да поднесе кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело, потребно е или кривичната пријава која јас сум ја поднел да биде отфрлена со Решение од страна на Јавното обвинителство, или пак по завршувањето на евентуално поведената кривична постапка делото да заврши со ослободителна пресуда против пријавениот. Но и тогаш, доколку не постојат аргументирани докази дека без правен основ и без постоење на основано сомнение сум поднел кривична пријава, дури ни тогаш не може да биде поднесена кривична пријава против мене. Од тие причини, ова не е ништо друго освен обид на Ристески да изврши притисок и врз обвинителството, но и врз мене“.