КОМЕДИЈА ВО ПРИЛЕП, КАКОВ АНАЛФАБЕТ, КАКВА ЗЕЛКА : Мицко повторно направи гаф, овој пат во Прилеп изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го оддува СДСМ „како киша око Крагуевца“!!!

0
1369

Почнавме како поток, потокот стана река, реката стана се поголема и е на устието со морето. ВМРО-ДПМНЕ ќе надојде како надојден Вардар, најпрвин на претседателските избори заедно со коалиција „За подобра Македонија“, а потоа ќе ги оддува „како киша око Крагуевца“ што би рекол оној закукулен замумулен политичар и ќе си ја врати државата каде што и е местото, кај граѓаните, порача лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во своето триесетминутно обраќање денеска во Прилеп, каде што опозициската партија оддржа протестен марш.

Употребувајќи ја погрешно фразата „киша око Крагуевца“, Мицкоски изгледа направи уште еден гаф, откако се збуни на претпоследниот протест пред Владата, поради што мораше да биде бодрен од присутните за да продолжи со говорот. Потоа својот гаф го нарече „пех“, што е уствари лоша среќа.

Мицкоски испрати неколку пораки од протестот. Тој го нарече премиерот Зоран Заев, нобеловецот кој договараше евро за евро, а кој има единствена цел да „стрпа што е можно повеќе во својот џеб“, за потоа да избега од државата. Мицкоски најави дека во првите 6 месеци од новата Владата, ВМРО-ДПМНЕ ќе се позанимава со сите злодела кои актуелната власт, како што рече, и ги направила на Македонија.

-Ќе го поразиме жестоко и ќе го пратиме на темната страна на историјата, на буништето каде му е место. Ова е библиско име, а ова е библиска нација. Името ни е оставено во аманет да го зачуваме и горделиво да го изговараме. Не покорувале, многу освојувачи и војски, многу побројни и посилни од нас, но секогаш сме се реорганизирале и сме застанувале пред нив. Македонското име нема да загине – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача дека неговиот сон и визија е да ја направи Македонија технолошки тигар на Балканот. Мицкоски испрати шест барања.

-Оставка од Оливер Спасовски поради политичкиот прогон на кој е извршител, поради нерасчистени убиства и криминали, поради тоа што шверцерски ги слушаше обвинителите и судиите преку аферата „црниот Вотергејт“. Оставка за човекот кој својата нација ја нарече искомплексирана, за кодошот за тастерот кој ја тастираше сопствената нација, која плаќа даноци од кои тој и неговото семејство живеат.  Веднаш да се повлече одлуката за зголемени даноци. Формирање комисија која детално ќе го анализира материјалот собран од аферата „црниот Вотергејт“, да видиме како нобеловецот доби ослободителна пресуда за „Поткуп“ и како се нарачуваа обвиненија и пресуди за активисти на ВМРО-ДПМНЕ и како се порачува пресуда за укинување на ВМРО-ДПМНЕ. Шесто почитувајте ја волјата на граѓаните искажана на 30 септември – додаде тој.