КОЛОСАЛНИ ПЛАЧКОВЦИ – НИКОЛОСКИ : ГО НАПУШТАМЕ ПАРЛАМЕНТОТ, БАРАМЕ БРЗИ ИЗБОРИ

0
933

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во друштво на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека го напуштаат собранието, каде денес не можеше ниту да започне седницата за недоверба на владата, поради отсуство на еден од потписниците на иницијативата-Кастриот Реџепи од Беса.

-Човекот мистериозно исчезна, се појави на видео, блед, позади него бел ѕид. Власта треба да објасни што му се случило, ние кога ќе бидеме власт ќе имате одговор на тоа прашање. Нека го пуштат човекот, нека не го држат киднапиран, ние си одиме – рече Николоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ бара брзи предвремени парламентарни избори за надминување на кризата.