Колку се безбедни банкарските заштеди? Граѓаните во дилема – здружението на банкари гарантира

0
1321

Од Здружението на банкари во Македонија, велат дека во период на политичка криза, заштедите на граѓаните се сигурни во домашните банки. Граѓаните со различни мислења.

Претседателот на Здружението на банкари на Македонија, Коста Митровски, вели дека парите на граѓаните се безбедни во домашните банки и дека нема причина за загриженост.

Во однос на најавените санкции од Европската унија, Митровски рече дека не сака да ги коментира ваквите најави.

Според него, курсот на денарот е стабилен и има девизни резерви од 2 милијарди евра, поради тоа, како што вели, нема простор за паника. За информациите дека парите на граѓаните не се безбедни во домашните банки, гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, пред неколку дена изјави дека тоа се само „оркестрирани шпекулации“, со цел вршење на притисок врз банките.

Извор: ТВ21