„Кожувчанка“ на Митко Јанчев донира четири шлепери „Изворска“ за настраданите во Хрватска

0
1575

Кавадаречката компанија „Кожувчанка“ уште еднаш ја покажа хуманоста на дело. Синоќа се натоварија четири шлепери со вода „Изворска“ кои се донираат за настраданите во Хрватска по вчерашниот земјотрес. Донацијата од „Кожувчанка“ ќе се приклучи во конвојот со хуманитарна помош кој утринава ќе тргне кон настраданите подрачја во Хрватска.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ истакна дека донацијата е за нашите пријатели во Хрватска. Кавадарци е збратимен град со Макарска и ова е најмалку што може да се направи за нив.

– Општина Кавадарци заедно со советот, на наша иницијатива, во координација со градоначалникот на Макарска, а за потребите на граѓаните на Хрватска, нашите пријатели, испраќа четири шлепери со вода за пиење. Целата пратка е донација од компанијата „Кожувчанка“. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот. Ова е најмалку што можеме да направиме за пријателска Хрватска – изјави Јанчев.