Thursday, May 8, 2025
20.8 C
Skopje

КОВАЧКИ: ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА УЦЕНИ И ЗАКАНИ ОД ДУИ, ПОТРЕБНО Е ДА ГИ ИСЧИСТАТ КРИМИНАЛЦИТЕ ОД СВОИТЕ РЕДОВИ И ДА СЕ РЕФОРМИРААТ

„Завршено е времето на закани и уцени од страна ДУИ. Македонија е веќе членка на НАТО и секоја закана кон стабилноста на државата е и закана на меѓународното крило на НАТО“, прецизираше во своето излагање пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Ковачки говореше дека во политичката партија ДУИ е потребно да се реформираат доколку сакаат да бидат фактор на политичката сцена. Тој е дециден дека  во ДУИ е потребно да се фокусираат на работи коишто носат развој на државата, да ги поздрават проектите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да се приклучат кон проектите, бидејќи само така се гради сериозна држава.

„Во ДУИ треба да се реформираат. Тука не говорам за Ахмети или конкретни личности, туку говорам генрално за партијата како политички субјект. Треба да се исчистат  од криминалците, да ги отстранат од своите редови доколку сакаат да бидат фактор на политичката сцена“, категоричен е Ковачки.

Тој е дециден дека во ДУИ е потребно да се фокусираат на работи коишто носат развој на државата, да ги поздрават проектите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да се приклучат кон проектите, бидејќи само така се гради сериозна држава.

„Да се фокусираат на работи коишто носат развој на државата, носат прогрес и работи коишто не приближуваат до европските стандарди, до европските вредности. Да ги поздрават проектите на оваа Влада која што макотрпно работи и ги гради, коишто веќе се видливи, бидејќи така се гради една сериозна држава“, заклучува Ковачки.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НИКОЛОСКИ: АРСОВСКА ЦЕЛОСНО ПОТФРЛИ, ЌЕ ПОНУДИМЕ КВАЛИТЕТЕН КАНДИДАТ ЗА СКОПЈЕ

Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ