Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

КОВАЧКИ ДО АХМЕТИ: ЛЕГИТИМНО Е ДА СЕ ПРОТЕСТИРА, НО ОПАСНО Е ДА СЕ ЗАКАНУВАШ СО УЛИЦА

Легитимно е да се протестира.

Но, очајно е и опасно да се закануваш дека „нема да се вратиш од улица“ затоа што поранешен министер – кој е потенцијално одговорен за смртта на 62 млади животи – ќе биде обвинет.

Да повикуваш на предвремени избори заради покрената истрага за трагедија од таков размер – не е ништо друго освен бегање од одговорност.

Добро луѓе, има ли некој во Македонија што не сака да се расчисти случајот до последен, до најситен детал?

И сите инволвирани да одговараат, без разлика на функцијата или презимето?

Дали смееме да дозволиме Ахмети да ги користи емоциите како штит за својот сопартиец, ставајќи ја партијата над правдата?

Што е тоа што го тера Ахмети да се плаши од вистината? Зошто би му пречела истрагата ако е уверен дека неговите не се виновни?

И конечно – зошто пратеникот Ахмети ја доведува во корелација одлуката на Јавното обвинителство со предвремени избори?

Што се смени за година дена во односот на пратеникот Ахмети кон ЈО Коцевски кому лично со гласање му даде поддршка за избор за Јавен обвинител?
Фејсбук статус на Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ