КОВАЧЕВСКИ : СТАБИЛЕН И СИГУРЕН ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ПРЕНОСЕН СИСТЕМ БЕЗ ТЕХНИЧКИ ЗАГУБИ, СО НОВИОТ ДАЛЕКУВОД ВО ОВЧЕ ПОЛЕ

0
380

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани денеска во Овче Поле присуствуваа на започнувањето на градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле.

Со овој далекувод се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза. Во продолжение е целата изјава на премиерот Ковачевски:

“Постојаното инвестирање и оптимизација на капацитетите и ресурсите за пренос на електрична енергија значат постигнување на еден од најважните јавни интереси во услови на енергетска криза, а тоа е доверлив и стабилен електроенергетски систем.Токму денеска овде во близина на Мамутчево присуствуваме на започнување со изградба на една ваква важна инвестиција како што е овој 110 kV далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица Овче Полe во вредност од 2,3 милиони евра.

Со овој далекувод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија, во кои забрзано се инвестира во изминатиот период.