КОВАЧЕВСКИ : СО БРАНАТА ,,КОНСКО” ОБЕЗБЕДУВАМЕ ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА ЗГОЛЕМЕНО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

0
570

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посетија новата браната „Конско“, којашто е во фаза на изградба. Оваа вештачка акумулација е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“ и нејзиното пуштање во употреба ќе значи навремено обезбедување на вода за наводнување за нови 4.000 хектари земјоделски површини.

„Особено ми е драго што овде на овој капитален објект кој е од огромно значење за југоисточниот регион гледаме дека работите се одвиваат според предвидената динамика и веќе над 80 отсто од изградбата е завршена. Се работи за најголем инфраструктурен проект, каков што немало во изминативе 50 години. Оваа акумулација се очекува позитивно да влијае на регионалниот развој од повеќе аспекти како што се: обезбедување на чиста вода за наводнување на земјоделските површини, развој на риболовство и на туризмот“, изјави премиерот Ковачевски.