КОВАЧЕВСКИ : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОЦЕНУВА ИСКЛУЧИВО СПОРЕД РЕЗУЛТАТОТ, БЕЗ НОВИ ПРЕЧКИ И ПОЛИТИЧКИ БАРАЊА

0
449
Почитувани,

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на својата работна посета на Австрија, присуствуваше и имаше предавање на Дипломатската академија Виена, во Виена Австрија, каде говореше на конференцијата на тема „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“.

Премиерот, за време на предавањето, упати порака и до колегите социјалдемократи и социјалисти во рамките на мрежата на европските социјалисти, со кои, како што рече „делиме исти вредности“.

„Сакам уште еднаш, јавно да ве замолам да продолжите со поддршката за мојата земја на патот кон ЕУ. Во рамките на  македонското Собрание потребен ни е потребен глас од Европа. Ќе дадеме се од себе да ги спроведеме сите реформи и сите чекори за  европската иднина на земјата“, порача премиерот Ковачевски, во своето предавање кое го одржа во Дипломатската академија Виена, во Виена, Австрија.

Премиерот нагласи дека во Европската унија нѝ е потребна силна поддршка, како и во европските институции и во Европскиот парламент, со цел да не се дозволат нови околности во форма на нови политички барања.

Единствените фактори, како што потенцираше премиерот, според кои треба да се оценува Северна Македонија се резултатите и завршените постапки за скрининг процесот и стандардите.

„Јас се заложив пред моите граѓани, пред македонскиот Парламент и пред цела Европска унија дека ние нашата домашна задача ќе ја завршиме.

Цврсто веруваме во европската иднина за Северна Македонија и целосно сме посветени на исполнувањето на оваа стратешка цел. Меѓутоа, таа домашна задача мора да соодветно да се верификува и потврди од Европската унија.
Долгиот пат треба да има извесен крај само врз основа на она што било постигнато. Ништо повеќе, ништо помалку.
Многу македонски генерации пораснаа чекајќи го датумот кога ќе станат дел на Европската Унија, со надеж дека ќе живеат во своја земја со европски вредности“, истакна премиерот Ковачевски, во своето предавање, додавајќи дека е време за резултати, да нема други пречки, додавки, кочења, политички барања или нови условувања.