КОВАЧЕВСКИ РАСПАЛИ ПО СВОИТЕ СОПАРТИЈЦИ : МНОГУ НАШИ ЧЛЕНОВИ НАМЕСТО ДА СЕ БОРАТ СО ВМРО-ДПМНЕ, ПО ЦЕЛ ДЕН САМО СЕ РАСПРАВААТ МЕЃУ СЕБЕ И СЕ БОРАТ ЗА ФОТЕЛЈИ И ПРИВИЛЕГИИ

0
3627

„Зошто? Затоа што има голем број на членови особено на повисоки позиции на кои им е поважно, да се расправаат кој на која позиција е и кој на која позиција не треба да биде, наместо да излезат на улица да ги спротистават ставовите со политичките опоненти и на граѓаните јасно и гласно да им порачаат дека се членови на СДСМ,

  • партија која учествуваше во признавањето на МПЦ и канонско единство со сите останати цркви,
  • дека се од партија која ја направи државата членка на НАТО,
  • дека се од партија која историски ја зголеми минималната плата, ги зголеми пензиите,
  • тоа треба да прави вистински член на СДСМ, а не да се седи на страна и да се гледа кој на која позиција бил, кој на која не бил.

Така на избори не се победува, се победува како во Маврово-Ростуше кога сите заедно и пратеници, и градоначалник и екс градоначалник и екс пратеници и екс претседатели општински организации застанаа и издвојуваа најголема победа“, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски од Битола.