КОВАЧЕВСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО МАВРОВО И РОСТУШЕ, МЕДАТ КУРТОВСКИ Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛЧНИК

0
560

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во Ростуше прогласи уште една, двојна победа на вонредените локални избори честитајќи му на кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски за изборот за градоначалник.

„Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ.
3.238 гласови наспроти 1.900 гласови се потврдата дека Медат одлично си ја врши својата работа последниве 4 и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните 4 години, во интерес на граѓаните.

Ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба и ви честитам и вам и на Медат за изборот за градоначалник.“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека ова е прва изборна победа откако е претседател на СДСМ и откако ја предводи владејачката, европска коалиција.

„Драги сограѓани, денеска покажавте дека во тешки времиња знаете да препознаете вистински политики и знаете да препознаете кој работи за граѓаните. Не само во Маврово и Ростуше, туку и во Центар Жупа победи европскиот концепт на владината коалицијата! Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на нашата коалиција. Ова е прва победа откако јас ја предводам оваа европска коалиција, и значајна е затоа што покажува и ги потврда исправните, вистински политики. Почитувани граѓани, испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсулутен победник на овие избори денеска.„ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното обраќање.