КОВАЧЕВСКИ ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ ДО 2030 ГОДИНА

0
510

Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир денеска на средба во Владата му го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски. Исто така денеска во Собранието амбасадорот Гир официјално му го предаде извештајот и на претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Чекориме забрзано на европскиот пат и посветени сме на реформите. Оваа заложба на Владата е пресликана и во новиот Извештај на Европската комисија кој денес го достави амбасадорот Гир. Следи напорна работа и многу важни реформи пред сѐ во интерес на граѓаните бидејќи тие заслужуваат подобар животен стандард, напредок и развој. Евроинтеграциите се најбрзиот и единствениот пат за да ја оствариме оваа цел. Нема да биде лесно, и никој не го очекува тоа, но за нас нема друга алтернатива освен ЕУ, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посочи дека стратешка цел на Владата е Република Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија. Овој процес веќе го започнавме летово и очекуваме тој да се финализира до 2030 година.