КОВАЧЕВСКИ ОД ШТИП : ГОЛЕМИНАТА НА СДСМ Е ВО ДРЖАВНИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ НАСОЧЕНИ КОН ИДНИНАТА

0
410
Вистинската големина на СДСМ не се само полните сали на трибините кои ги организираме големината на СДСМ е во државничките политики и во се’ она што оваа партија го има направено за нашата татковина, од независноста до денеска, СДСМ е државотворниот стожер на македонската современа држава и СДСМ е печатот на македонската европска идеја и носител на новите општествени промени, на визијата за иднината, порача претседателот Димитар Ковачевски вечерва од Штип на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“.

Овој факт има големо значење за целата наша македонска земја. Ама најгордо звучи во родното место на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, со членка книшка на СДСМ број 001!

Во градот на македонскиот генерал Михајло Апостолски, на бројните херои од НОБ, како Прке, Чучков, во градот во кој предавал идеологот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, ние социјалдемократите, со гордост може да кажеме дека го исполнивме нивниот аманет.

Претседателот Ковачевски истакна дека е посветен на градењето на модерна, европска држава, членка на ЕУ. Градиме слободна, независна, суверена, економски напредна македонска држава, идна членка на ЕУ, со признаен македонски јазик, култура, посебност и традиција, рамо до рамо со државотворните народи на Европа.

Тоа е мојата визија. На тоа сум посветен и на тоа работам, потенцираше Ковачевски во Штип.