КОВАЧЕВСКИ ОД ТЕТОВО : ИЗЛЕЗЕТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ЗАЕДНО ДА ИЗГРАДИМЕ МОДЕРНО И ЕВРОПСКО ТЕТОВО!

0
576

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Тетово

Почитувани граѓани, Почитувани новинари,

Денеска заедно со кандидатите за советници од СДСМ сме со граѓаните на Тетово.Знаете и самите, официјално започнува локалната кампања за избор на членови наСоветот на општина Тетово.

Советот е особено важен за граѓаните во секоја општина.  Советот е оној кој има можност да ги операционализира реалните потреби на граѓаните.Советот предлага и реализира одлуки, политики кои се важни за идниот развој на градот, за начинот на функционирање на локалната самоуправа.

Затоа, ги повикувам тетовчани да излезат на вонредните избори на 20 август, и да го искористат своето право да дадат глас за советници кои ќе работат посветено и сериозно за потреби на граѓаните на Тетово. Ги повикувам тетовчани да го дадат својот глас за советничката листа на СДСМ.

Кандидатите за советници од СДСМ, советничката листа предводена од носителот Глигорие Стојаноски се докажани, угледни и препознаени имиња, подготвени да го дадат својот максимум за Тетово. Тоа се чесни, работливи, одговорни луѓе, ваши комшии кои знаат што е тоа што му е потребно на Тетово.

Повеќе зеленило, почиста општина, целосна гасификација, надминување на проблемите со водоснабдувањето, но и нов економски развој и подобри локални услуги за граѓаните.

Сето ова, преку конкретни проекти е наведено во програмата со којашто кандидатите за советници на СДСМ излегуваат пред граѓаните.

Со посветена работа, многу вложен труд, и визија за помодерно Тетово, сето тоа преточено во конкретни проекти зад кои стоиме и за кои ќе се залагаме како политичка опција, ќе обезбедиме подобар квалитет на живот во Тетово.

Кандидатите за Советници се подготвени да работат посветено и одговорно за својата општина и своите сограѓани и да дадат свој придонес во развојот на Тетово.

СДСМ покажа како се работи чесно, одговорно и домаќински како на централно така и на локално ниво во изминатиов период, наш единствен интерес е добробит на државата и на граѓаните

Ги повикувам сите граѓани на општина Тетово, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност да дадат поддршка на советничката листа на СДСМ.

Заедно да изградиме, модерно, европско Тетово.