КОВАЧЕВСКИ ОД КРИВА ПАЛАНКА : СЕ ИЗБОРИВМЕ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК ДА БИДАТ ПОТВРДЕНО ВО ЕУ ЗАСЕКОГАШ

0
573
Во вечерашното обраќање на трибината на СДСМ во Крива Паланка претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски рече дека државата и граѓаните ги чувствуваат придобивките од државничките одлуки.
„Не треба да се навраќаме многу наназад, само во изминатите неколку дена, целиот наш народ, сите граѓани директно ги почувствуваа придобивките од работата предводена од СДСМ и можеа да видат каков резултат носат овие државнички политики на оваа партија. Се изборивме, македонскиот идентитет, македонскиот јазик е признат и потврден и во Европската унија, еднаш, засекогаш. Историски исчекор направивме, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки.“ рече претседателот Ковачевски.
На трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Крива Паланка Ковачевски додаде дека го исполнил своето ветување и македонскиот јазик веќе е идзигнат на исто рамниште со сите јазици во Европската унија.
„За прв пат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки, каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ. Она што го ветив, дека ќе го потпишеме Договорот со Фронтекс на македонски јазик – го исполнив.“ додаде Ковачевски.
Зборувајќи за деструктивното однесување на опозицијата претседателот Ковачевски обвини дека Мицкоски не покажа државнички капацитет и не смогна сили ниту да им се извини на граѓаните за лагите ниту да честита за државничкиот успех.
-Овие од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, што ширеа лаги на ниво на хистерија, што организираа насилни протести, палеа знамиња на ЕУ пред Влада и велеа дека ќе го изгубиме идентитетот и јазикот се обрукаа Со вувузели свиреа во собранието, навредуваа пратеници, омаловажуваа и на крај побегнаа од собраниската сала. Сите, буквално сите нивни лаги и манипулации се потонати во вода и затоа сега никаде ги нема. Немаат доблест ниту да му честитаат на народот, на граѓаните за овој успех. Ама сигурно ќе ги видиме пак кога ќе смилат нови лаги или нови обиди како да ја закочат државата.„ рече Ковачевски.
Имаше голем интерес за трибината на СДСМ, Силно и одлучно кон иднината, салата во Домот на културата во Крива Паланка вечерва беше претесна да ги прими сите граѓани.