КОВАЧЕВСКИ НЕ СЕ СРЕТНАЛ СО ТАРАВАРИ И НЕ ПЛАНИРА НЕДЕЛАВА

0
363

Премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција во Владата изјави дека не остварил средба в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и оти не е планиран состанок во текот на оваа недела.

Имено, пред неколку денови премиерот изјави дека разговорите со АА во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласат по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство.