КОВАЧЕВСКИ НА КАНАЛ 5 ВО ,,САМО ИНТЕРВЈУ” : МОРА ДА СЕ БИДЕ ОДГОВОРЕН И ВО ОДНОС НА ЛИКВИДНОСТА НА БУЏЕТОТ

0
832
Претседателот на Владата Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека мора да сме одговорни не само кон граѓаните туку и во однос на буџетот, ликвидноста, и во однос на стабилноста на финансискиот систем. Затоа мерките се дизајнирани дел да бидат продолжени до крајот на годината, како што и продолжуваат, а дел да бидат редизајнирани и на нив работат Министерствата за економија и за финансии.
„Нема да биде предоцна бидејќи ние ги следиме трошењата ги следиме движењата на цените во текот на сите периоди во годината, бидејќи едни се ценовните притисоци во текот на зимските месеци други во текот на пролетни, летни, есенски и т.н. Така да, согласно движењата, согласно со побарувателите мерките ќе бидат како и до сега навремено подготвени и навремено презентирани се со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Меѓутоа, повторувам, тие сега ќе бидат потаргетирани и ќе  можеме да ги насочиме кон оние кои што најмногу им се потребни”, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека со ребалансот на буџетот ние во ребалансот веќе издвоивме 72 милиони кои што се резерва за антикризни мерки. Една од улогите на буџетот и на фискалната политика е прераспределбата на средствата во државата кон точките каде што треба да бидат инвестирани или кај точките каде што треба да дадат најголема поддршка на оние кои што во даден момент им е најпотребно. Мислам дека тоа е најсоодветниот одговор”, рече Ковачевски.
Премиерот потсети дека за да се спречи ценовен шок во делот на храната Владата ги замрзна цените на производите. Беше зголемена минималната плата, а зголемување од 15% ќе добијат и наставниците и негувателите за кое е веќе постигнат договор со СОНК. Зголемувањето на платите за универзитетските професори исто така е планирано во буџетот.