КОВАЧЕВСКИ : МУ БЛАГОДАРАМ НА МИЦКОСКИ ЗА ДОВЕРБАТА

0
339

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш рече дека предвремени парламентарни избори нема да има, туку дека изборите ќе се одржат во 2024 година.

Според Ковачевски, комплимент е тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај, односно напролет, зашто тоа е показател дека Владата ефикасно се справува со енергетската криза која завршува на 30 април.

– Мицкоски по не знам кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став кој не го менувам секоја недела како него, дека избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин зашто имаме економска и енергетска криза. Воедно, скрининг процесот е почнат и е во тек, а и земјава е претседавач со ОБСЕ. Сигурно тоа нема да го прекинуваме за да му удоволуваме на Мицкоски и на неговите партиски желби. Избори ќе има во 2024 година.