Ковачевски : Кривична пријава против Крадоначалникот на општина Битола Владимир Талески

0
860

Денеска СДСМ до Основното јавно обвинителство Битола поднесува кривична пријава против Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Kovachevski,+18.03.2015

Кривичната пријава произлегува од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“. Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени.

Очекуваме Обвинителството да постапи согласно законите.

Немаме доверба во судството поради контролата на власта над правосудните органи но ние го почитуваме законот и Уставот и сакаме да оставиме трага од сите овие процеси.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=TsH8xzPSumU[/youtube]