КОВАЧЕВСКИ И МИШЕЛ : ПРЕГОВОРИТЕ МОЖЕ ДА ПОЧНАТ ВЕДНАШ

0
701

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која, како што соопштија од владата, двајцата потенцираа дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш.

„Предлогот предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ“, истакнале двајцата соговорници.

На средбата, од страна на Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија, посочувајќи дека ова се клучни моменти за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.

Премиерот Ковачевски, пак, истакна дека поддршката на Европската Унија во процесот на интеграција на Северна Македонија, е од особено значење за државата во исполнувањето на основата стратешка цел, а тоа полноправното членство во ЕУ.