КОВАЧЕВСКИ ЗА ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ НА ЈУТУБЕРОТ ЛАЗАРОВ : ГИ ПОВИКУВАМ Г-ИН МИЦКОСКИ ДА ЈА НАЈДЕ И ДА ЈА ИСКИНЕ ПАРТИСКАТА КНИШКА НА СЕКОЈ ЕДЕН НИВНИ ЧЛЕН КОЈ САМОИНИЦИЈАТИВНО РЕШАВА ДА ШИРИ НАРАТИВ СО КОЈ СЕГА ГЕНЕРАЦИИ МЛАДИ ДЕЦА ЌЕ МИСЛАТ ДЕКА Е ВО РЕД ДА СЕ ЗБОРУВА НА ТОЈ НАЧИН ЗА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО

0
417

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање за случајот со новинарот Драган Павловиќ Латас рече дека е вознемирен и згрозен од јавното промовирање на сексуалното насилство и дискриминација.
Во продолжение е одговорот на премиерот Ковачевски пренесен во целина:

„За овој случај, овде од собраниската говорница, пред сѐ сакам да зборувам како граѓанин, како човек, како татко, а потоа како премиер.Слушнав за ова пред неколку дена и оттогаш до денес кога и да помислам на случајот, навистина се вознемирувам и се чувствувам гневно.Ова однесување, не само што е срамно за мажите, и тоа не само тука, туку и во светот, ова е срамно за сите луѓе, секое едно човечко битие.Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо!

Не смееме да толерираме вакво понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената. Секое вакво однесување, мора да биде јавно осудено и да  испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо.Загрижувачки е што не само што слушавме за чин на сексуално насилство, туку и што бевме сведоци како соговорниците радосно и без грам грижа на совест и свесност колку штета нанесуваат, се смеат и ликуваат додека дискутираат.