КОВАЧЕВСКИ : ДО 2023 НАМАЛУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК ВО ИТ ОД СЕГАШНИ 10 НА 0 ПРОЦЕНТИ

0
691

„До 2023 година, предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници“, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот најави дека до 2023 година, се предвидуваат низа стимулативни мерки во ИКТ секторот освен намалување на персоналниот данок од сегашните 10 отсто на 0 отсто, ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.