КОВАЧЕВСКИ : ДА ГИ СЛУШАВМЕ ЛЕВИЦА И НИВНИОТ ЗАЛОЖНИК МИЦКОСКИ, ЌЕ ЗАВРШЕВМЕ ВО СЛОБОДЕН ПАД

0
463
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибина во Гевгелија се осврна и на активните блокади на опозицијата во Собранието со која се изгубени 100 милиони евра помош за енергетската криза и лагите дека владата предводена од СДСМ не се грижи за граѓаните
„Добивме помош од ЕУ за справување со кризата, 80 милиони евра само во првата транша и влеговме на заедничкиот пазар за енергија со ЕУ. Ќе имавме и уште 100 милиони евра повеќе за енергетијата, ама заложникот на Левица, Христијан Мицкоски го блокираше тоа законско решение.
Се што кажа Мицкоски за време на оваа криза, излезе погрешно. Велеше немало јаглен, имало за уште ден два. Над 400 дена минаа од таа лага а јаглен за енергетските капацитети не само што има доволно туку тие и го зголемија производството за 25 отсто. Велеше немало доволно електрична енергија од домашните капацитети, а гледаме дека 100 отсто од потребите за струја на малите компании и домаќинства се покрива од домашно производство. Толку му е познавањето на Мицкоски од енергетика, не знае ниту економија.

Во Белиот дворец знаат само за две математички операции. Едната е ОДЗЕМАЊЕ на парите на граѓаните и другата е ДЕЛЕЊЕ на народните пари меѓу себе. Да ги слушавме Левица и нивниот заложник Мицкоски, ќе завршевме во слободен пад како некои европски држави“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски пред граѓаните истакна дека за разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, СДСМ само со последниот пакет мерки вреден им помага на околу 200.000 граѓани, доминантно од ранливите категории граѓани.