КОВАЧЕВСКИ : ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НА ТРИ ГОЛЕМИ СОНЧЕВИ ЕЛЕКТРАНИ, МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ Е НАШАТА СИЛА

0
536
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на македонскиот југ во Гевгелија на трибина со граѓаните потсети дека започнува фазата на градба на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, како и зградбата на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија Ве-Пе-Де.
„Потпишани се договори за изградба на 130 мегавати фотонапонски електрани. Во следниот период ќе почне и пуштање со работа на најголемите 25 мегавати во Свети Николе. Се очекува до крајот на 2023 во системот да се вклучат помеѓу 200 и 300 мегавати сончеви електрани. По 30 години, конечно ќе започне реализацијата на проектот ХЕЦ Чебрен. До крајот на годината ќе заврши евалуацијата и изборот на најдобар понудувач. Проектот е  со проценета инвестиција од 800 милиони евра. Македонското сонце е нашата енергетска сила и тоа многу бргу ќе го покажеме. Тоа ќе значи повеќе зелена енергија, повеќе работни места и помали сметки.“ рече Ковачевски.