КОВАЧЕВСКИ : ВО МОМЕНТОВ НАРАТИВОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ГО ВОДИ ЛЕВИЦА, ВМРО-ДПМНЕ НЕМА СТАВ

0
426
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МТВ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во комплетно заложништво на Левица.
Во моментов наративот на опозицијата го води Левица или Димитар Апасиев, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема став за ниту едно прашање, но ниту имал некогаш став, ниту визија, ниту пак одлучност, нагласи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски потсети како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го менуваат ставот во однос на пристапувањето кон ЕУ.
Сите бевме сведоци како тие го менуваат ставот во однос на пристапувањето кон ЕУ, прво се прифаќаше јавно договорот со Бугарија, па потоа нивниот претседател кажа дека ќе подржи уставни измени со наредниот бугарски премиер, па потоа кажа дека нема да подржи и бараше нотарски изјави од пратениците, па потоа кажа дека ако европските институции дават некаква гаранција ќе подржи, па за потоа да каже дека никако нема да подржи, и тоа е практично немање на став по најважното прашање, нагласи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски смета дека пратениците во Собранието и политичките партии ќе имаат визија и храброст да донесат одлука со која продолжува патот во ЕУ.
Ќе има уште одлуки, кои што е се однесуваат на системско уредување на државата во многу области, здравство, правосудство, па и енергетскиот сектор, екологијата и така натаму, тоа нема да бидат едноставни одлуки, меѓутоа сето тоа ќе ја направи Северна Македонија да биде на ниво на функционирање, кое што сите ние го сакаме, а тоа е функционирањето на земјите членки на ЕУ, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МТВ.