КОВАЧЕВСКИ ВО ДРУШТВО НА ДАНЕЛА НА СЕДНИЦА НА ЗЕЛС : ВЛАДАТА НАД 250 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ОПШТИНИТЕ ЗА САМО 5 ПРОЕКТИ

0
745

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски учествуваше на настан во организација на ЗЕЛС, по повод јубилејот 50 години. Во своето обраќање премиерот Ковачевски зборуваше за поддршката на Владата кон општините, за важноста од соработката на сите чинители централна, локална власт, како и за поддршката на ЕУ и САД во градењето на демократските капацитети за просперитет и економски напредок. На свечениот настан свои обраќања имаа и Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД, Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегација ЕУ, како и претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска.