КОВАЧЕВСКИ : АПАСИЕВ И МИЦКОСКИ ЗАЕДНО САКААТ ДА ЈА ОДНЕСАТ ЗЕМЈАТА ВО ПРОВАЛИЈА, НЕМА ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ

0
473

Немаме ниту време ниту пари за некакви експерименти.  Апасиев и Мицкоски заедно сакаат да ја доведат земјата до раб на провалија.  Не смее да дозволиме да го прекинат европскиот пат на државата, тоа јас и сите вие овде нема да го дозволиме, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вечерашната трибина во Гостивар. Државата ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина, додаде Ковачевски.

-Откако започна скринингот и се отвори  дискусијата со уставните измени, размислував многу, и дојдов до еден многу важен заклучок. Постои вистинската опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава. Таа опасност доаѓа од една политичка партија, која што во својата програма се противи на ЕУ, на членство во НАТО. Таа политичка партија е Левица и нејзиниот претседател Димитар Апасиев.  Опасноста е поголема затоа што таа партија го зема во заложништво Христијан Мицкоски и самата партија и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што Мицкоски е слаб, без став, без визија. А човек без став, визија и без одлучност лесно може да биде земен во заложништво.  Токму тоа се случува во моментов во македонската опозиција. Имаме идеолошко обезличување на ВМРО-ДПМНЕ, дејствување без компас со единствена цел, да и се наштети на земјата, рече Ковачевски.

Секое утро да се будите со лажно чувство на гордост но со празен стомак. Ова е промената што тие ја нудат и затоа граѓаните, Македонците, ќе им речат НЕ!, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.